Нова давачка за туристите во Грција – ќе плаќате дури и ако само слезете од брод

Од 21 јули 2025 година, туристите што патуваат со крузери и слегуваат во грчките пристаништа ќе мора да платат нова задолжителна такса. Оваа мерка, која ја воведува грчката влада, има за цел да го поддржи одржливиот туризам, да ја подобри инфраструктурата и да го унапреди целокупното туристичко искуство.

Износот на таксата зависи од периодот на патување и дестинацијата. Во најфреквентната сезона – од 21 јули до 30 септември 2025 година – патниците ќе плаќаат 20 евра по лице за Миконос и Санторини, односно 5 евра за сите останати грчки пристаништа. Во преодните периоди, од 1 до 31 октомври 2025 и од 1 април до 31 мај 2026 година, таксата ќе изнесува 12 евра за Миконос и Санторини и 3 евра за другите локации. Во зимската сезона, од 1 ноември 2025 до 31 март 2026, цената паѓа на 4 евра за Миконос и Санторини, и 1 евро за останатите пристаништа.

Таксата се наплатува само ако патникот навистина слезе од бродот – доколку остане на палуба, не плаќа. Се пресметува само еднаш по пристаниште, без разлика колку пати патникот ќе се симне во текот на денот. Исто така, ако бродот преноќува во пристаништето, таксата останува еднаш.

Патниците не можат да ја платат оваа давачка однапред. Таа автоматски се додава на нивната сметка на бродот и се појавува како посебна ставка. Сите патници ја плаќаат истата сума, без исклучоци – без оглед на возраст, здравствена состојба или други околности.

Во случај на итни ситуации, како што се заминување поради болест или предвремено враќање дома, таксата сепак се наплатува – доколку патникот се симнал од бродот. Ако бродот доцни, се расипе или се задржи – висината на таксата не се менува.

Самиот чин на симнување се регистрира со скенирање на бродската картичка. Оваа картичка е и доказ за наплата на таксата. Средствата не остануваат кај туристичките компании, туку одат директно во буџетот на грчката влада, со цел подобрување на пристаништата и развој на туристичките дестинации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни