Како што пренесуваат медиумите, во Америка се случила уште една авионска несреќа. Медицински транспортен авион експлодирал на небото над Филаделфија. Во авионот се наоѓале болно дете, неговата мајка и уште четири лица, пренесува АП.
Авионот паднал во населен дел на Филаделфија и сè се случило кратко време по полетувањето на авионот.
Во експлозијата нема преживеани.
По експлозијата на авионот, бројни остатоци паднале на населената област, а пожарот зафатил голем број на куќи и автомобили.
Се огласила и градоначалничката на овој град, Шерел Паркер, која изјавила дека информациите за бројот на жртви сè уште не се потврдени.
Таа потврдила дека при падот на леталото се оштетени повеќе возила и куќи.
Станува збор за авион “Лирџет 55” кој полетал од аеродромот, а брзо исчезнал од радарот неколку минути по полетувањето, а полетал неколку минути по 18 часот по локално време.