Нов земјотрес ја стресе Македонија

Попладнево во Македонија е регистриран земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е 17км југоисточно од Струмица, на длабочина од 15.2км.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 27.11.2024 година во 13 часот и 09 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни