Нов земјотрес со јачина од 5,5 степени ги погоди Филипините

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот објави дека се во тек проценки на штетите од земјотресите

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денес го погоди регионот Миндано на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 60 километри, соопшти EMSC, пренесува Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот бил 73 километри североисточно од градот Мати, во покраината Давао Ориентал.

Во два силни земјотреси што вчера ги погодија Филипините, загинаа најмалку седум лица, објави АП.

Околу 50 ученици беа повредени во средно училиште откако добија модринки, беа во несвест или во состојба на шок за време на тресењето на земјата.

Првиот земјотрес, со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, предизвика лизгање на земјиштето и доведе до евакуација на луѓето од крајбрежните области поради страв од цунами.

Втор земјотрес, со магнитуда од 6,8 степени, следеше подоцна во текот на денот.

Според раководителката на Филипинскиот сеизмолошки институт, Тересита Баколкол, двата земјотреси биле поврзани со движења по должината на Филипинскиот ров.

Пријавени се пукнатини во згради во неколку градови, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Давао, кој остана во функција.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот објави дека се во тек проценки на штетите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни