Според првичните податоци, потресот бил со јачина од 2 степени по Рихтер, на длабочина од околу 15 километри.
Епицентарот, според ЕМСЦ, се наоѓал приближно 15 километри југозападно од Кичево, а земјотресот бил краткотраен и со локален интензитет. Нема пријавено материјални штети, ниту пријави за повредени лица.
Потресот го забележал и Институтот за геолошки науки во Тирана, од каде што наведуваат дека епицентарот се наоѓал на територијата на Општина Дебрца, што често е активна сеизмолошка зона.
Иако земјотресот бил релативно слаб, настанот уште еднаш потсетува на сеизмичката активност во регионот и потребата од внимателно следење на сите сеизмолошки движења.
Извор: 360 степени
