Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случил денеска во Пацификот, во близина на Камчатка, соопшти Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.
Како што се наведува, земјотресот се случил во 13:42 часот по локално време, со епицентар на 126 километри југоисточно од градот Петропавловск Камчатски. Хипоцентрото (жариштето) било на длабочина од 68,4 километри, пренесува Интерфакс.
Засега нема издадено предупредување за опасност од цунами, јавува агенцијата.