Нови Зеланд планира да воведе такси за влез за странски туристи на четири од своите најпосетувани природни знаменитости. Целта е да се обезбедат средства за заштита на природата и да се зголемат можностите за вработување.
Министерот за заштита на природата, Тама Потакa, рече дека туристите значајно придонесуваат кон економијата, но многумина се изненадени што некои од најубавите места во светот може да се посетат бесплатно.
Според предложената мерка, странските посетители ќе плаќаат од 20 до 40 новозеландски долари (10-20 евра) за пристап до природни локалитети како Катедрал Ков/Те Вхангануи-а-Хеи, Тонгариоро Кросинг, Милфорд Саунд и Аораки Маунт Кук.
Овие места ги посетуваат главно странски туристи (околу 80%), а собраните средства ќе бидат реинвестирани во зачувување и унапредување на овие области. Влезот ќе остане бесплатен за Новозеландците.
Премиерот Кристофер Луксон истакна дека реформата на законот за заштита на природата ќе овозможи поедноставување на правилата за деловни активности во заштитените подрачја, но тоа предизвикува критики од екологисти кои предупредуваат на ризик за природата и биодиверзитетот.