Нов Зеланд ги забранува трките со кучиња

Владата на Нов Зеланд предложи закон за забрана на трките со кучиња од 2026 година, наведувајќи ја грижата за благосостојбата на животните и појаснувајќи дека процентот на кучиња повредени во трките останува неприфатливо висок.
Фото: Rainer Hungershausen/Flickr

Индустријата за трки со кучиња во Нов Зеланд долго време беше јавно критикувана дека не прави доволно за заштита на благосостојбата на животните, со три прегледи на индустријата извршени во изминатите десет години кои препорачуваат големи промени.

– Иако умираат помалку кучиња, стапките на повреди, иако малку пониски, сепак се неприфатливо високи, изјави министерот за инфраструктура и трки Винстон Питерс.

– Трките на кучињата ќе бидат укинати во претстојниот период од 20 месеци, а назначен е и советодавен комитет кој ќе придонесе да се најдат нови домови за околу 2.900 кучиња кои учествуваат на трките, рече Питерс.

Непрофитната организација Safe for Animals објави дека за време на тркачката сезона 2023-2024 година во Нов Зеланд угинале 13 песови.

Здружението за заштита на кучињата има документирано стотици смртни случаи и десетици илјади повреди на животни на австралиските тркачки патеки во последниве години.

Австралиската држава Нов Јужен Велс се обиде да ги забрани трките со кучиња во 2017 година, но се повлече по силната реакција од претставниците на индустријата.

Владата сега претстави предлог-закон поддржан од опозициската Лабуристичка партија, со цел да се спречи непотребното убивање кучиња.

Следната година ќе воведат дополнителни закони за измена на постојните и забрана за трки со кучиња, посочи Питерс.

Нов Зеланд, заедно со САД, Ирска, Австралија и Велика Британија, е една од само петте земји во кои сè уште се дозволени комерцијални трки со кучиња.

Таа сочинува 8,5 отсто од тркачката индустрија во Нов Зеланд во вредност од околу 760 милиони американски долари со нешто повеќе од 1.000 работни места со полно работно време, покажуваат бројките. Greyhound Racing Нов Зеланд објави дека стотици тренери, одгледувачи и вработени во индустријата сега се соочуваат со губење на нивните работни места.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни