Од 4 април стапува во сила нов возен ред за дел од автобуски линии, а од ЈСП велат дека измените треба да донесат подобра организација и поголема ефикасност во јавниот превоз.
ЈСП „Скопје“ ги извести корисниците на јавниот превоз дека од 4 април 2026 година ќе почне да важи нов возен ред за дел од линиите во рамки на градската мрежа.
Од претпријатието велат дека измените се прават поради усогласување со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во Скопје, со цел да се подобрат организацијата и ефикасноста на јавниот превоз.
Деталните информации за измените, вклучително и статичниот возен ред по линии, како и возниот ред по постојки, ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на ЈСП и ќе важат од 4 април.
Промените во возниот ред следуваат откако Советот на Град Скопје ја изгласа одлуката на последната седница.