Од ноќва и во текот на понеделник и вторник, преку Македонија повторно ќе помине влажен бран што ќе донесе претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, локално и обилни – предупредува метеоаналитичарот Славчо Поповски.
Поради падот на температурите, на повисоките планини над 1300 метри надморска височина повторно се очекуваат врнежи од снег.
Временската нестабилност ќе се задржи и во наредните денови, па граѓаните се советуваат да ги понесат чадорите и да внимаваат при патување низ планинските предели.