Нов тренд меѓу тинејџерите: Се облекуваат како животни и напаѓаат луѓе

Трендот наречен „quadrobicks“ има се повеќе поддржувачи кај тинејџерите, кои имитираат животни, носат маски, одат на сите четири, им ‘ржат, но и гризат минувачи на улица, поради што е алармирана полиција.
Фото: Quadrobics.ru / VK

Овој бизарен тренд и вознемири властите во Русија и нејзините поранешни републики, бидејќи таму е најактивен и се шири на социјалните мрежи.

Тинејџерите наводно имитираат животни, носат маски, одат на сите четири, ‘ржат или мјаукаат и сè почесто ги напаѓаат минувачите, поради што полицијата во Узбекистан трага по најмалку еден тинејџер кој каснал лице на улица со маска на куче.

На мрежите кружат видеа и фотографии од љубители на овој тренд, додека локалното МВР предупредува дека во случај на недолично однесување нивните родители ќе бидат казнети.

Во Узбекистан, поранешна советска држава во Централна Азија, полицијата трага по најмалку еден тинејџер облечен како куче кој каснал случаен минувач.

Камерата од блиската продавница фатила група квадробери кои шетаат по улиците на Ташкент со маски и опашки. На други фотографии се гледа девојка облечена како мачка како брка куче. Узбекистанското Министерство за внатрешни работи сега се закани дека ќе ги казни родителите на тие тинејџери со 1,9 милиони узбекистански суми (околу 120 евра).

„Експертите веруваат дека ваквите трендови може да ги направат децата трајно агресивни, дека поради тоа ќе се повредат себеси и другите. Тоа може да доведе и до промена на свеста на децата и нивна изолација од општеството“, се наведува.

Се верува дека „quadrobicks“ се инспирирану од јапонски спринтер, поточно неговиот рекорд во трчање на сите четири.

Руската сенаторка Наталија Косихина предложи забрана за „quadrobicks“.

„Мораме да се погрижиме децата да бидат повеќе заинтересирани за спортски и едукативни активности, кои нема да им наштетат на психата и здравјето на другите“, рече таа.

Од друга страна, некои психолози сметаат дека тоа е безопасна забава и детска игра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни