Нов топлотен бран во Португалија: Властите предупредуваат – следната недела ќе биде тешка

Почнувајќи од денес (3 август), Португалија влегува во нов топлотен бран, кој ќе го зафати целиот Пиринејски Полуостров. Поради очекуваните екстремни температури и висок ризик од пожари, португалската влада прогласи вонредна состојба на подготвеност низ целата земја.

„Следната недела ќе биде исклучително тешка,“ изјави министерката за внатрешни работи Мариа Лусиа Амарал, додавајќи дека сите надлежни служби се мобилизирани.

Веќе неколку дена Португалија и соседна Шпанија се соочуваат со шумски пожари. Според податоци на Агенцијата за цивилна заштита, стотици пожарникари сè уште се борат со активни пожари низ земјата.

Состојбата на подготвеност ќе трае од полноќ меѓу недела и понеделник до крајот на четврток, со следниве ограничувања:

  • Строга забрана за палење оган,
  • Забрана за користење пиротехника,
  • Ограничен пристап до шумски предели.

Според Европскиот систем за информации за шумски пожари, од почетокот на годината во Португалија изгореле над 25.700 хектари шумска површина.

Во шпанската Галиција, во градот Вилардевос, пожарникарите се борат со нов пожар, додека целиот Пиринејски Полуостров е сериозно погоден од жештини и суши што го поттикнуваат ширењето на огнот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни