„Следната недела ќе биде исклучително тешка,“ изјави министерката за внатрешни работи Мариа Лусиа Амарал, додавајќи дека сите надлежни служби се мобилизирани.
Веќе неколку дена Португалија и соседна Шпанија се соочуваат со шумски пожари. Според податоци на Агенцијата за цивилна заштита, стотици пожарникари сè уште се борат со активни пожари низ земјата.
Состојбата на подготвеност ќе трае од полноќ меѓу недела и понеделник до крајот на четврток, со следниве ограничувања:
- Строга забрана за палење оган,
- Забрана за користење пиротехника,
- Ограничен пристап до шумски предели.
Според Европскиот систем за информации за шумски пожари, од почетокот на годината во Португалија изгореле над 25.700 хектари шумска површина.
Во шпанската Галиција, во градот Вилардевос, пожарникарите се борат со нов пожар, додека целиот Пиринејски Полуостров е сериозно погоден од жештини и суши што го поттикнуваат ширењето на огнот.