Нов топлотен бран на Балканот – Македонија на удар со пожари и температури до 42°C

Македонија повторно се соочува со екстремни временски услови. Од вчера, 21 јули, започна нов топлотен бран што ќе ги крене температурите и до 42 степени Целзиусови, додека низ државата беснеат неколку шумски пожари.

Според податоците на Центарот за управување со кризи, во попладневните часови во понеделникот биле активни седум шумски пожари, при што граѓаните се повикани да ги почитуваат мерките и препораките од надлежните институции за одговорно однесување на отворено.

Особено загрижува состојбата во Паркот на природата „Езерани“, заштитено подрачје на брегот од Преспанското Езеро, каде пожарите веќе неколку дена не стивнуваше, за конечно утринава да биде ставен под контрола. Во гаснењето беа вклучени канадери, пожарникари и чувари на паркот, кои со сите сили се борат да ја запрат огнената стихија.

Но, капацитетите се ограничени. Според Здружението на градоначалници, Северна Македонија располага со помалку од 400 активни пожарникари, што е само половина од законски потребниот број. Дополнително, пожарникарските возила се просечно стари 27 години, што дополнително ја отежнува интервенцијата во вакви вонредни ситуации.

Повик за претпазливост

Надлежните служби апелираат на максимална претпазливост, особено во руралните подрачја и во близина на шумски и национални паркови. Секое несовесно фрлање отпад, палатка или огномет може да предизвика катастрофални последици во услови на високи температури, суво тло и ветер.

Балканот се пржи – црвени аларми во Србија, БиХ и Албанија

Србија

Цела Србија е под црвен аларм. Температурите во понеделникот достигнаа до 38°C, вклучувајќи го и Белград. Ова е втор сериозен топлотен бран од почетокот на летото, што дополнително ја влошува веќе сериозната суша.

Според организацијата Klima101, јуни 2025 бил најсушен во историјата на мерењата во Србија. Земјоделските култури трпат големи штети, а се очекуваат и ограничувања за водоснабдување во некои региони.

Босна и Херцеговина

Северот и централниот дел од БиХ, особено регионите околу Бања Лука, се соочуваат со температури од 36 до 40°C. Издадени се предупредувања за здравјето на населението, особено за постарите лица, децата и хронично болните.

Албанија

Во Албанија, температурите во вторник се очекува да достигнат од 37 до 41°C, во зависност од регионот. Во земјата се активни пет шумски пожари, од кои неколку се сè уште надвор од контрола. Противпожарните екипи се на терен, но загрижува брзото ширење на огнот поради силниот ветер и сувата вегетација.

Апел од службите

Сите земји во регионот испратија препораки за:

  • избегнување изложување на сонце во период од 11 до 17 часот,
  • пиење многу течности,
  • избегнување физички напор,
  • внимателно користење на отворен оган.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни