Нов студен бран од север и голем пад на темературите

Доаѓа ли првиот снег?

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -2  и 1 степен, додека максималната дневна ќе се искачува до околу 14 степени

Под влијание на уште постуден воздушен бран од север и од североисток, од денес па и во почетокот на следната седмица температурите ќе опаднат за 4 до 8 степени во однос  на сегашните, облачноста ќе се зголемува и ќе има појава на повремен локален дожд, додека на планините повремено ќе врне снег, со што е можна појава и на првата снежна покривка за оваа сезона.

И во Скопскиот регион следува значително постудено време во следниот период, а облачноста ќе се зголеми, и ќе има услови за повремен локален дожд со слаб до умерен интензитет.

Наутро, температурите ќе бидат особено ниски и на повеќе места низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, додека особено во Беровскиот регион температурата се очекува да се спушти до околу -7, -8 степени.

Максимални дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -2  и 1 степен, додека максималната дневна ќе се искачува до околу 14 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни