Нов спот на „Поетроника“ за песната „Пеј ми“ по текст на Блаже Конески

„Поетроника“ вчера го промовираше новиот спот за песната „Пеј ми“ која е работена според текст на Блаже Конески.

Песната ќе биде дел од концертот на „Поетроника“ во сабота во Културниот центар Лабораториум, како дел од овогодинешниот „Крај Вардарот Џез Фестивал“ 2024.

Албумот кој е во издание на ПМГ Џез, може да се купи на следниов линк: 

https://pmgjazz.bandcamp.com/album/poetronika

“Поетроника“ е поетско – музички проект на два извонредно талентирани уметници- глумецот Оливер Митковски и еден од водечките современи македонски електронски артисти, младиот Андреја Салпе.

Низ нивниот проект овие двајца уметници успеваат да ги “освежат“ великаните на македоснката поезија како Караманов, Гого Ивановски, Славко Јаневски, Блаже Конески и Игор Исаковски. Потоа авторите од помладата генерација како Лукаш, Ќорвезироска и Здравески.

“Поетроника“ е своевидно вкрстување на музика и поезија. Автентичен и висококвалитетен домашен уметнички продукт, истовремено свеж и издржан на светско ниво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни