Нов случај на легионела во Загреб, превентивно затворен малиот базен на „Младост“

На малиот базен во Спортскиот парк „Младост“ во Загреб, за време на редовна контрола на квалитетот на водата, е утврдено присуство на бактеријата Legionella во многу ниска концентрација, поради што базенот е превентивно и привремено затворен.

Како што соопштија надлежните, контролата ја спровел Наставниот завод за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“, а анализата покажала присуство на легионела во минимално количество, регистрирани се само две колонии. Притоа, сите останати параметри за квалитетот на водата биле во рамките на дозволените вредности.

Од управата на објектот наведуваат дека реагирале веднаш по добивањето на резултатите. Иако станува збор за исклучително мала концентрација, од претпазливостбил донесенa одлука за привремено затворање на малиот базен и за преземање на сите мерки предвидени со правилниците за санитарно-технички и хигиенски услови на базенските капалишта, како и за здравствената исправност на базенската вода.

По спроведувањето на пропишаните постапки, водата повторно е земена на анализа и испратена на лабораториско тестирање. Од установата информираат дека базенот ќе биде повторно отворен веднаш штом се добие потврда дека легионелата е целосно отстранета, што се очекува во текот на следната недела.

Во меѓувреме, сите останати содржини во Спортскиот парк „Младост“ функционираат нормално. „Сите други базени се отворени, водата е здравствено исправна, а програмите се одвиваат според редовниот распоред“, соопштија надлежните.

Ова е втор случај на регистрирана легионела во Загреб за кој се известува денес. Претходно беше соопштено дека бактеријата е потврдена и во детската градинка „Бајка“ на Селска улица, поради што објектот е привремено затворен, а децата се префрлени на друга локација.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни