Северина со нов сингл- „Пумпај“ со ново значење како женски повик против пасивни, лажни и недораснати мажи

Не се знае дали песната е инспирирана од вистински настани, но едно е сигурно: „Ако ти е важно — пумпај“ вели Северина

Хрватската поп ѕвезда Северина денеска објави нов сингл насловен како „Пумпај, Севе брате“.

Осврнувајќи се на тематиката и инспирацијата, Северина вели дека „Пумпај“ е извик што носи енергија, ритам и став – често се користи во музиката, спортот и на журки како повик на акција или за кревање на атмосферата, а во секојдневниот говор може да значи и „туркај понатаму“, „не застанувај“ или „дај гас“ – без разлика дали станува збор за забава, работа или емоции.

Сепак, конкретно за песната „Пумпај, Севе брате“ пејачката вели дека во оваа песна, „пумпај“ добива ново значење – тоа е женски повик против пасивни, лажни и недораснати мажи.

„Тоа е збор што го носи ритамот на Балканот – гласен, духовит, слоевит и секогаш полн со живот. Не се знае дали песната е инспирирана од вистински настани, но едно е сигурно: „Ако ти е важно — пумпај. Ако си фраер — признај. А ако не си — фала, следниот“ пишува Северина на социјалните мрежи.

Текстот и музиката на „Пумпај, Севе брате“ е на Северина Вучковиќ, додека аранжманот кој е во ромски ритам е на Звонимир Хорват.

Инаку „Пумпај“ е мотото на неколкумесечените протести и блокади низ Србија кои започнаа по уривањето на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад каде загинаа 16 лица.

Од тој први ноември 2024 година започнаа протести низ Србија а паролата „Пумпај“ стана заштитен знак на поддршката на протестите и покрај на протестите, тој извик и денес може да се чуе на концерти, фестивали, спортски натпревари…

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни