Со блокада на мостот „Гоце Делчев“ вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и нивните фирми-ќерки „Флораком“ и „Луна“ повторно излегоа на улица на протест барајќи ги своите плати.
Тие, протестираат поради тоа што платата за месец август до утрово се уште не им беше исплатена.
Освен без пари за егзистенција, постои реална опасност да им се прекине и здравственото осигурување, поради што нема да можат да ги добијат потребните здравствени услуги и терапија.
Дополнителено, во ова ЈП работат и возрасни лица кои имаат сериозни здравствени проблеми, со хронични терапии а има и онколошки пациенти.

Сепак, за време на протестот, „легнала“ платата за вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ но не и за вработените во ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна, информираше Синдикатот.
„По завршување на протестот, информирани сме дека платата на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје е исплатена, а на вработените во ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна се уште не е исплатена и доколку не се исплати, протестите продолжуваат и во наредните денови, а СУТКОЗ и работниците излегуваат повторно на улица утре 02.10.2025 година кога ќе излезат на протест вработените од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна во период од 10 до 12 часот со блокирање на бул. Илинден(кај Матично)“ се вели во објавата на Сојузот на синдикати на Македонија.