Нов проблем за Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Давид Алаба ќе отсуствува неколку недели поради повреда на тетивата на левата нога, објавија денеска шпанските медиуми. Алаба се повреди на вчерашниот тренинг на мадридскиот клуб.

Реал Мадрид денеска соопшти дека по дополнителните прегледи било утврдено дека австрискиот фудбалер се здобил со повреда на тетивата на левата нога, но не прецизираше колку време Алаба ќе биде надвор од терените.

Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Реал Мадрид ќе отсуствува неколку недели. Алаба (32) оваа сезона одигра само четири натпревари за Реал во сите натпреварувања.

Тој се врати на терените на почетокот на јануари, откако беше надвор од терените повеќе од една година поради повреда на предните вкрстени лигаменти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни