Нафен танкер беше нападнат во недела околу пет наутички милји од крајбрежјето на Масандaм во Оман, соопшти Морскиот безбедносен центар на земјата. Во нападот се повредени четири лица, а целата 20-члена екипаж беше евакуирана, пренесува CNN. Се работи за бродот „Skylight“, кој пловел под знаме на Палау, мала островска држава во западниот Пацифик.
Интервенција на оманските сили
Во акцијата за спасување учествувале оманската морнарица и армија, што според соопштението на центарот ја покажува националната подготвеност за справување со поморски инциденти
Оман имаше клучна улога во посредувањето за време на неодамнешните преговори меѓу Иран и САД, со цел постигнување нов нуклеарен договор.