Ова прекрасно дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз! Проектот е остварен во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од Македонското Модно Здружение. Културата навистина знае да се поврзува!
Овој мурал е продолжение на успешниот проект „Дијалози“, во кој македонските уметници ја доловија својата визија за уметничката традиција на керамиката Талавера де ла Реина во нивните модни дизајни и керамички фигури. Македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов сакаа да го продолжат овој „Дијалог“, овој пат преку мурална уметност.
Муралот не само што го обележува просторот, туку и создава мостови помеѓу различни култури и стилови.
„Дојдете да го видите и да се потопите во магијата на уметноста која ги преминува сите граници!
Не пропуштајте ја можноста да уживате во оваа уметничка експлозија во срцето на Скопје!“, се вели во соопштението.