Театар Комедија има нов мурал во склоп на проектот „Цртај на македонски јазик“.
На конкурсот „Цртај на македонски“, кој започна во 2022 година иницијатива тогашната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, со цел да се афирмираат македонскиот јазик и кирилското писмо, започна проектот на свежи уметнички идеи на младите автори, кои во изминатите две години ја раздвижија културната понуда во нашата држава.
Конкурсот за 2024 беше отворен до 28 ми јануари, наменет за различни предлог проекти почнувајќи од графити, стикери за социјални мрежи, самостојни и групни изложби на дела па се до организации на дебати и работилници.
Токму во рамките на овој проект “Цртај на македонски јазик”, Театар Комедија доби нов мурал со интересна и ведра порака – “Човекот раскажува приказни, приказните плетат мрежа”
Целта е преку ваков поттик кон младите да се изнајдат и поддржат начини на културно изразување, а воедно и да се зајакне употребата на македонскиот јазик.
Проектот е финансиран од Министерство за култура и е изработен од Орхан Камилов, Павел Николов, Давид Јосифов и Викторија Митева.