Нов лек за астма, прв таков во последните 50 години, кој лекарите и пациенти го прогласија за „револуционерно“ откритие, откако клиничкото испитување покажало дека е многу поефикасен од традиционалните таблети во лечењето на тешката форма на астма.
Станува збор за лекот Бенрализумаб. Бенрализумаб е антитело кое ги таргетира белите крвни клетки кои можат да го нападнат белите дробови кај луѓе со еозинофилна астма, облик на болест која предизвикува оток и стеснување на дишните патишта.
Резултатите од клиничкото испитување покажаа дека пациентите со астма или хронична болест на белите дробови, кои добиле инјекција од овој лек, имале помала веројатност за отежнато дишење и други симптоми четири недели по нападот.