Нов инцидент во Словенија: Пукање во ромско маало кај Ново Место

По протестите и вонредната седница во Ново Место, вечерва е пријавена пукање во ромското маало Жабјак. На терен се специјалци, нема повредени.

По завршувањето на вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, на која учествуваа и претставници на словенечката влада што ги претставија мерките против криминалот и таканаречениот „Шутаров закон“ — вечерта во ромското населено место Жабјак одекнаа пукотници.

Според информациите на Полицијата од Ново Место, нешто пред 20:30 часот биле примени повеќе повици на бројот за итни случаи 113, при што очевидци пријавиле повеќе поединечни и рафални истрели.

На местото веднаш биле упатени повеќе полициски патроли, како и припадници на специјалните единици, а истрагата е во тек. Засега нема информации за повредени лица, потврди N1 Slovenija.

Инцидентот доаѓа само неколку дена по бруталниот напад во Ново Место, што предизвика масовни протести на граѓаните и зголемена тензија во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни