Нов дипломатски скандал: Русија протера британски дипломат поради шпионажа

Русија протера британски дипломат обвинет за шпионажа. ФСБ тврди дека давал лажни информации и собирал чувствителни податоци за руската економија.

Русија протера британски дипломат, откако Москва го обвини за шпионажа. На дипломатот му е одземена акредитацијата и му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели, пренесува Sky News.

Руската контраразузнавачка служба ФСБ тврди дека британскиот дипломат „дал лажни информации за себе“. Москва исто така го обвинува дека за време на неформални средби се обидувал да собира информации за руската економија. ФСБ, главниот наследник на советскиот КГБ, соопшти дека открил „непријавено разузнавачко присуство“.

Обвинувања за субверзивни активности

Според руските медиуми, агенцијата додала дека дипломатот „спроведувал разузнавачки и субверзивни активности што ја загрозуваат безбедноста на Руската Федерација“.

Sky News потсетува дека претходно овој месец рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, негираше дека отров од стреличеста жаба бил користен во убиството на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Келин во интервју за емисијата „Sunday Morning with Trevor Phillips“ изјави дека смртта „нема никаква врска со нас“.

Алексеј Навални, кој имаше 47 години, беше убиен во 2024 година додека се наоѓаше во руска казнена колонија.

Извор Sky News

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни