Нов детски велодром во паркот Сарај

Паркот е дел на кампањата „Вози право, вози здраво“, на Стопанска банка Скопје.

Деновиве беше предаден во употреба вториот СТБ Детски велодром, изграден во еден од најубавите паркови во државата, паркот Сарај, на површина од 1.500 метри квадратни.

Како надополнување на бројните спортско-рекреативни содржини во големиот парк, семејствата со помали деца сега ќе можат на безбеден начин да вежбаат возење велосипед во урбани услови, а притоа и да учат и совладуваат бројни сообраќајни правила со помош на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

Паркот е дел на кампањата „Вози право, вози здраво“, на Стопанска банка Скопје.

При посетата на велодромот, генералната директорка за банкарство на мало, Милица Чапаровска Јовановска, изјави:

„Инспирирани од позитивните реакции и од големата искористеност на претходните наши донации реализирани под капата на проектот „Вози право, вози здраво“, уверени сме дека и оваа нова содржина во паркот Сарај ќе наиде на голем одзив кај младите семејства. Веруваме дека секоја инвестиција направена во промоција на урбаниот велосипедизам дава долгорочни позитивни ефекти не само на индивидуално ниво, туку и за колективот – подобро здравје, почиста животна средина и секако подобро расположение. Стопанска банка останува доследна во своите заложби да биде активен член на општеството и покрај постигнувањето врвни резултати од своето работење да биде во континуирана поддршка на заедницата.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни