Нов ден, нови црвени кругови – екстремна загаденост во повеќе градови

Граѓаните низ земјава продолжуваат да дишат токсичен воздух, а бројките од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат висока загаденост во повеќе градови низ државава.

Спроед мерењата, вечерва најзагадено е во Струмица со 343 мигрограми на метар кубен ПМ2,5 честички, по што следува Охрид со 336, Кавадарци со 273 и Куманово со 187. Висока е загаденоста на воздухот и во Кичево, каде што се измерени 120 ПМ2,5 честички и во Гостивар со 121.

Во Скопје во 19 часот највисока е загаденоста во Лисиче, каде што се измерени 292 мигрограми на метар кубен ПМ2,5 честички и кај ректорат со 180.

Вчера Скопје повторно се најде во топ 10 најзагадени градови во светот, каде што платформата IQ Air покажа дека главниот град е на 7 место на градови чии граѓани дишат загаден воздух.

Информациите на УНИЦЕФ покажаа дека скопјани, тетовчани, кумановчани и велешани, речиси 100 денови во годината дишат загаден воздух. Поради алармантноста УНИЦЕФ и Светска банка упатија предупредувања до владата и институциите, да преземат сериозни мерки бидејќи граѓаните на Македонија се во сериозна животно загрозувачка опасност од загадениот воздух. 

УНИЦЕФ, предупреди дека раната и честа изложеност на загаден воздух влијае врз развојот на мозокот, белите дробови и органите на бебињата, што има последици врз здравјето и учењето  во текот на целиот живот. Од таму велат дека најновиот извештај покажал дека во Македонија, смртните случаи на новороденчиња кои се поврзани со загадениот воздух сочинуваат 11,6 отсто или 1 од 9 смртни случаи на деца на возраст до една година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни