Нов бран на пеколни горештини на Балканот

Нов силен топлотен бран го зафати Балканот со температури над 40°C, предизвикувајќи опасни здравствени услови и сериозни пожари во Хрватска, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и Косово. Властите издадоа црвени предупредувања и презедоа итни мерки.

Европа се соочува со нов бран на горештини. Се очекува тој да потрае и можеби да собори температурни рекорди. Во земјите од Западен Балкан годинава веќе се забележани високи температури – меѓу 40 и 42 степени Целзиусови во Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија.

Метеоролозите предупредуваат дека интензивниот топлотен бран ќе трае барем до средината на август, а температурите во многу региони ќе бидат над 35 степени. Дополнително, се укажува дека станува збор за екстремна жештина, дури и за најтоплиот дел од годината, која претставува сериозна опасност за здравјето на луѓето.

Во поголемиот дел од земјите веќе се издадени „црвени предупредувања“ за одредени региони.

Голем пожар во близина на Сплит

Високите температури го поттикнуваат и ширењето на пожари. Во Хрватска, избувнал голем пожар кај Јасеница, во општината Дуги Рат, јави ХРТ. Според нив, загрозени се и куќи, а во гаснењето учествуваат и канадери. Поради пожарот е прекинат сообраќајот на Јадранската магистрала (DC8) меѓу Сплит и Омиш.

Над Чањ во Црна Гора има голем пожар, јавуваат српски медиуми. Се слушаат сирени низ целото населено место, а пожар беснее и во Бијело Поље.

Во БиХ, во подрачјето на Херцеговачко-неретванскиот кантон, во текот на неделата се регистрирани повеќе пожари.

Албанија, Северна Македонија, Косово

Во Албанија, според локалните медиуми, во последните 24 часа се регистрирани 38 пожари низ различни делови на земјата, од кои седум сè уште се активни, пренесува агенцијата Анадолија.

Пожарите довеле до евакуација на десетици семејства на југот на земјата, во округот Валона.

Центарот за управување со кризи во земјава соопшти дека само во текот на вчерашниот ден се регистрирани 22 пожари, од кои 21 бил изгаснат, а еден сè уште активен – во Националниот парк Јасен, во западниот дел на земјата.

Претходно, Владата го продолжи вонредното состојба за уште 30 дена, поради постојаниот ризик од пожари. Согласно одлуката, движењето низ шумите е забрането до 31 август.

Косово вчера пријави влошување на ситуацијата со пожарите, барајќи помош од КФОР за нивно гаснење. Агенцијата за управување со вонредни ситуации соопшти дека во рок од само шест часа биле регистрирани 40 пожари, од кои 25 биле локализирани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни