Нов бран дождови и силен ветер во земјава: Подгответе се за невреме и снег на планините

Значителна промена се очекува од денес, кога ќе започне продор на постуден воздушен бран од север. Како резултат на тоа, температурите ќе опаднат, а на планините над 1200 до 1300 метри надморска височина дождот ќе премине во снег.

Територијата на Македонија и во наредните денови ќе остане под влијание на циклонскиот систем од Џенова и серија влажни воздушни бранови, кои ќе донесат нови и пообилни врнежи од дожд, алармираат метеоролозите.

Според нив за време на викендот, се очекуваат интензивни врнежи проследени со засилен јужен ветер и локална појава на грмежи. На одделни подрачја овие процеси може повторно да добијат форма на невреме.

На многу места во земјата се прогнозира ново значително количество врнежи, локално над 50 литри дожд. Поради ваквите услови постои ризик од нови локални поплавувања, како и натамошно покачување на нивото на реките и езерата. Возачите се предупредуваат на зголемена претпазливост, особено во близина на водотеци.

Во Скопје и скопската котлина, исто така, се очекуваат пообилни врнежи од дожд со засилен јужен ветер и можни грмежи. На поединечни локации се прогнозираат над 30 литри нов воден талог.

Значителна промена се очекува од денес, кога ќе започне продор на постуден воздушен бран од север. Како резултат на тоа, температурите ќе опаднат, а на планините над 1200 до 1300 метри надморска височина дождот ќе премине во снег.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни