Нов бојкот на продавниците во Хрватска: Нема да се откажеме додека не започне бранот на намалувања

Платформата Хало, ги повика потрошувачите да не купуваат ништо никаде денес. Од утре започнува неделен бојкот на „Козум“. Ова е трет петок на општ бојкот на продавниците.

Денес започна нов општ бојкот на продавниците во Хрватска. Предложен е бојкот на сите продавници и бензински станици, а од утре се бојкотира купување во „Козум“ за цела недела.

Платформата Хало, ги повика потрошувачите да не купуваат ништо никаде денес. Од утре започнува неделен бојкот на „Козум“. Ова е трет петок на општ бојкот на продавниците.

„Потрошувачот има право да каже што сака“ Тоа беше порака дека ги слушаат гласовите на потрошувачите. „Потрошувачот има право да каже што сака, да ја изнесе својата идеја и ние тоа го прифаќаме, сакаме да им дадеме на потрошувачите можност да го искажат своето незадоволство преку мрежите и да ги усмеруваат своите активности“ -велат од платформата Хало.

Испраќаме силна порака велат тие, дека нема опуштање и дека потрошувачите нема да се откажат додека не започне бран на намалувања, бидејќи она што се случува на полиците сè уште е зголемување на цените, поскапуваат за еден, два, десет центи, а оваа приказна околу намалувања, корекции, затворање ни се чини како бацање прашина во очи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни