Нов американски напад во Пацификот: Две лица убиени

Американската војска изврши нов напад врз брод осомничен за трговија со дрога во Пацификот, при што загинаа две лица, соопшти Јужната команда на САД.

Соединетите Американски Држави извршија уште еден напад во Пацификот врз брод за кој постои сомневање дека превезувал трговци со дрога, при што американската војска соопшти дека убила двајца мажи.

„Заедничката работна група Southern Spear изврши смртоносен кинетички напад врз пловило управувано од означени терористички организации во меѓународни води“, соопшти Американската Јужна команда на социјалната мрежа X.

Разузнавачките служби потврдија дека бродот користел рути кои се познати по трговија со дрога во источниот Пацифик и дека бил вклучен во операции на нарко-трафикинг. Тие додадоа дека ниту еден американски војник не бил повреден за време на операцијата.

Вкупно, најмалку 107 лица се убиени во американски напади насочени кон бродови кои Вашингтон, без јавно презентирани докази, ги обвинува за „трговија со дрога“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни