Нотр Дам катедралата пред пет години беше погодена од катастрофален пожар кој го уништи покривот, ја сруши кулата и го загрози преостанатиот дел од структурата на градбата. Свеченото отворање на реконструираната катедрала Нотр Дам беше вчера вечер, а присуствува францускиот претседател Емануел Макрон, Владимир Зеленски, новоизбраниот претседател на Америка Доналд Трамп, премиерот на Србија Милош Вучевиќ, принцот Вилијам и многу други високи официјални лица.
Зошто е Нотр Дам катедралата е толку важна за Франција, Европа и за целиот свет?
Оваа готска градба стара 850 години е полна со обележја кои прават да се истакне во градот кој изобилува со легендарни архитектонски дела.

Розети на Нотр Дам
Нотр Дам има три розети кои датираат од 13. век, а спаѓаат меѓу нејзините најпознати обележја. Првиот и најмалиот прозорец на западната фасада е завршен околу 1225. година и е пофален поради начинот на кој стаклото на изглед поддржува камениот релјеф околу него. Јужната розета има пречник од скоро 13 метри и составена е од 84 панели.
Меѓутоа, таа повеќе не ги содржи оригиналните витражи бидејќи била оштетена во претходни пожари.
Двете кули на Нотр Дам катедралата
Повеќето посетители на Нотр Дам ќе поминат одредено време во восхитување на двете готски кули кои ја красат западната фасада на катедралата. Работите на западната фасада започнале во 1200. година, но првата кула – северната – била завршена дури по четири децении. Јужната кула е завршена 1250. година.

Двете кули се високи 68 метри, а кога ќе се искачите по 387 скали, можете да уживате во панорамскиот поглед на Париз. Официјалните лица изјавија дека и двете звона во пожарот што ја зафати Нотр Дам во 2019. година останале недопрени.
Сите ѕвона на Нотр Дам катедралата повторно зазвонеле, прв пат пет години по пожарот
Катедралата има 10 звона – најголемото, познато како Емануел, тежи повеќе од 23 тони и е поставено во јужната кула во 1685. година. Нотр Дам ја прослави својата 850. годишнина во 2013. година, а тогаш биле повторно ставени во употреба помалите звона од северната кула.
Секое ѕвоно е благословено со името на светец за да се реконструираат оригиналните звона кои се топеле за време на Француската револуција.

Писателот Виктор Иго ја искористил катедралата како локација за својот роман Звонарот на Богородичната црква од 1831. година. Неговиот главен лик, Квазимодо, внесува страв во коските на мештаните – но наоѓа засолниште во катедралата, каде што го запослуваат како ѕвонар.
Готската кула
Познатата кула што се сруши во пожарот, била направена во 12. век. Низ историјата, таа претрпела неколку измени – вклучувајќи и отстранување за време на Француската револуција, а била реконструирана подоцна во 1860-те.
„Губитокот на покривот и кулата на Нотр Дам, а можеби и на камениот лак, е ненадокнадлив губиток за наследството на француската готска архитектура“, соопшти тогаш Кралскиот институт на британските архитекти.

Реликвии
Во Нотр Дам се наоѓале реликвии од Страдањето на Исус, опишани како парче крст, ексер и Света круна од трње.
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, твитнала за време на пожарот во 2019. година дека пожарникарите, полицајците и другите формирале човечка верига за да ги спасат круната, туниката на Свети Луј и други вредни артефакти.
Оргули на Нотр Дам
Во Нотр Дам се наоѓаат и оргули. И тоа не едни, туку три. Најстарите, Големите оргули, имаат дури 8.000 цевки. Направени се во 1401. година, а се реновирани во 18. и 19. век.

И покрај многуте реставрации во изминатите години, се уште се сочувани некои цевки од средниот век.