Nothing влегува во AI трката: Подготвува паметни очила што „мислат“ наместо тебе

Технолошката компанија Nothing, предводена од Карл Пеи, наводно работи на развој на паметни очила со вештачка интелигенција, со што планира да влезе во нов и сè поактуелен сегмент на пазарот.

Според информации од извештај на Марк Гурман, очилата би можеле да бидат лансирани во првата половина на 2027 година.

Паралелно, компанијата развива и нов модел безжични слушалки со AI функции, што покажува поширока стратегија за интеграција на вештачка интелигенција во своите уреди.

Се очекува паметните очила да имаат вградени камери, микрофони и звучници, додека обработката на AI задачи ќе се врши преку поврзан смартфон и cloud системи.

Целта е уредот да може да автоматизира секојдневни задачи и да понуди персонализирано корисничко искуство.

Она што дополнително привлекува внимание е дизајнот. Nothing веќе е познат по својот препознатлив, транспарентен и минималистички стил, па се очекува и очилата да го задржат тој визуелен идентитет.

Засега не е јасно дали ќе бидат вклучени и елементи како Glyph интерфејсот, кој е еден од најкарактеристичните детали на нивните телефони.

Со ова, Nothing се приклучува на растечкиот тренд на AI wearable уреди, каде конкуренцијата веќе станува сериозна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни