Албанскиот театар – Скопје ја најавува претставата „Носорози“ од Ежен Јонеско

Претставата се реализира во соработка со Францускиот институт и ќе се игра на албански јазик со превод


Албанскиот театар – Скопје, во соработка со Францускиот институт, ја најавува изведбата на претставата „Носорози“ од Ежен Јонеско.

„Носорози“ е едно од најзначајните дела на театарот на апсурдот и се смета за алегорија за конформизмот и притисокот на мнозинството врз поединецот. Режијата на претставата ја потпишува Васил Василев од Бугарија.

Претставата ќе се изведува на албански јазик, со обезбеден превод на македонски и на француски јазик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни