Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Пеце Ристевски, и актерите од театарот велат дека режисерот Бојан Трифуновски носи нова визија на класичната приказна за вампирот од готскиот мит.
Во претставата која е поддржана од Министерството за култура настапуваат познатите актерите од ансамблот на штипскиот театар
– „Носферату“ е во режија на Бојан Трифуновски, поддржана од Министерството за култура. Во оваа претстава настапуваат познатите лица за Штип. Четврток од 20 часот ќе биде премиерата на новата претстава, изјави Ристевски.
Режисерот Трифуновски истакна дека штипскиот Театар му е втор дом, затоа што со актерите во еден креативен и демократски процес прават една комедија, која ќе биде интересна за публиката.
– Секогаш ми е убаво да работам тука, затоа што сите процеси овде ми се лабароториски, секогаш истражуваме, не вадиме ништо од мал џеб, ништо не е готово, ништо не е спремно. Но, затоа после задоволството е уште поголемо, затоа што навистина сум горд на овие луѓе, вели Трифуновски.
Од штипскиот театар упатуваат повик до сите љубители на културата – да не ја пропуштат оваа премиера.