Носач на авиони на САД се судри со трговски брод во близина на Египет

Носач на авиони на американската морнарица се судри со трговски брод во близина на Египет, соопшти денеска американската војска, нагласувајќи дека носачот на нуклеарен погон е во стабилна состојба и дека нема повредени.

Во соопштението се прецизира дека носачот на авиони „Хари С. Труман“ се судрил со бродот Бешикташ-М вчера доцна навечер кај Порт Саид, Египет.

„Сударот не го загрози „Хари С. Труман“ и нема извештаи за штети или повредени. Електраните не се погодени и се во безбедна и стабилна состојба“, се вели во соопштението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни