Норвешкиот државен инвестициски фонд објави дека ги продава своите акции во 11 израелски компании за да не учествува во производството на мотори за воени авиони наменети за војување во Појасот Газа.

Извршниот директор на најголемиот инвестициски фонд во светот, Николај Танген, објави дека мерките се преземени како одговор на вонредните околности во Газа, каде што војната со Израел трае од октомври 2023 година.
„Ситуацијата во Газа претставува сериозна хуманитарна криза. Инвестиравме во компании што работат во земја во војна, а условите на Западниот Брег и Газа неодамна се влошија“, додаде Танген.