Филмот, којшто е синхронизиран на македонски јазик, е на репертоарот на киното „Милениум“ во Скопје во термините од 16 часот (денеска и утре) и 18 часот (сабота и недела), а во терминот од 18 часот игра и во Кинотека во Скопје и киното „Манаки“ во Битола.
По смртта на нивната мајка, младите и богати брат и сестра, Хедвиг и Хенрик, мака мачат со новата маќеа Викторија, која постојано воведува нови правила и го зема целото внимание на нивниот татко. Испирирани од стрип, тие решаваат да ангажираат платен убиец за да се ослободат од нивната напорна маќеа Викторија. За да го решат нивниот проблем, тие му приоѓаат на Карл, имигрант од Босна. Карл првично ги одбива, бидејќи е човек што ги почитува законите. Но, кога тој и неговото семејство ќе се најдат во сериозна финансиска криза, ситуацијата почнува да се менува.
Филмот доби одлични критики во Норвешка, опишан како „најзабавниот филм во последните години“ и „Тарантино за 10-годишници“.
Улогите ги толкуваат Ине Мари Вилман, Лео Ајкиќ, Мортен Свартвеит, Агнет Халанд, Миле Софи Рист Далхог, Свер Торнам.
Билетите се достапни на билетарниците на кината.
Филмот е во дистрибуција на „Катавеј“ со поддршка од Норвешкиот фонд.