Норвешката принцеза Мете-Марит поврзана со Епстин: Стотици мејлови откриваат нивни средби

Норвешката престолонаследничка Мете-Марит се споменува во стотици мејлови објавени од американското Министерство за правда во рамки на случајот Џефри Епстин.
Фото: Patrick McMullan | Getty Images

Норвешката престолонаследничка, принцезата Мете-Марит, се споменува во стотици мејлови и документи објавени од Министерството за правда на САД во врска со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

Според милионите објавени документи, во кои се појавува нејзиното име, произлегува дека Мете-Марит престојувала четири ноќи во јануари 2013 година во куќата на Епстин во Палм Бич, во близина на Мајами, и тоа во период кога тој не бил присутен.

Дополнително, во еден мејл од октомври 2012 година, Епстин спомнал фраза која се преведува како „лов на сопруги“, пренесува BBC.

Интимен тон во преписката

Во други електронски пораки, испратени од налог поврзан со престолонаследничката, до Епстин било напишано дека ѝ „го голица мозокот“, како и прашањето:
„Што друго имаш да правиш, освен да се видиш со мене?“

Реакција на норвешката палата

Кралската палата на Норвешка за BBC изјави дека принцезата Мете-Марит секогаш била отворена за своите средби со Епстин во периодот од 2011 до 2013 година.

Во официјално соопштение, таа изразила „длабоко сочувство и солидарност со жртвите“, признавајќи и „лоша проценка и каење“ поради контактите со Епстин.

Довербата во монархијата останува висока

И покрај скандалот, норвешката монархија и понатаму ужива значителна поддршка. Според анкета на агенцијата Norstat, спроведена кон крајот на минатата година, 73 проценти од Норвежаните сè уште ја поддржуваат монархијата.

Американското Министерство за правда на 30 јануари објави повеќе од 3,5 милиони страници документи, околу 2.000 видео-снимки и 180.000 фотографии поврзани со случајот на Џефри Епстин.

Заменик-државниот обвинител на САД, Тод Бланш, изјави дека материјалите вклучуваат и порнографски содржини, дел од нив запленети од уредите на Епстин, но не нужно направени од него лично.

Потсетување на случајот

Џефри Епстин во 2019 година беше обвинет пред федерален суд во Менхетен за трговија со малолетнички за сексуална експлоатација. Жртвите, според обвинението, често биле малолетни девојчиња.

Тој почина во затвор додека го очекуваше судењето, а неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни