Норвешка го пушта во погон првиот контејнерски брод во светот напојуван на амонијак

Три норвешки компании во 2026 година ќе го лансираат првиот контејнерски брод на погон на чист амонијак во светот. Компаниите Yara Clean Ammonia, North Sea Container Line и Yara International ги здружија силите за да го произведат бродот кој ќе користи чист амонијак како гориво. Бродот наречен Yara Eyde ќе биде првиот кој ќе плови по морска рута без емисија на штетни гасови меѓу Норвешка и Германија.

Со оглед на фактот дека глобалниот поморски сообраќај произвел 706 милиони тони CO2 минатата година, компаниите Yara International и Yara Clean Ammonia развиваат решенија со ниска емисија на јаглерод.

Бродоците на амонијак ќе пловат низ трговскиот коридор меѓу Норвешка и Германија и ќе патуваат меѓу Осло, Порсгрун, Хамбруг и Бременхавен. Yara Clean Ammonia AS и North Sea Container Line AS основаат заеднички инвестициски фонд, додека со бродот ќе управува NCL Oslofjord AS. Заедничката инвестиција има за цел да стане првиот светски линиски оператор кој ќе се фокусира исклучиво на контејнерски бродови на амонијак.

Бродскиот сообраќај е одговорен за околу 3% од глобалната емисија на CO2, а чистиот амонијак ќе ја намали емисијата од поморскиот сообраќај и ќе овозможи превоз на стока без штетна емисија ширум светот.

Извор: pomorstvo.info

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни