Ноќеска се помести времето: Часовниците одат напред – ќе спиеме еден час помалку!

Ноќеска започна летното сметање на времето – стрелките се поместија од 2 на 3 часот.

Ноќеска започна летното сметање на времето, што значи дека часовниците ќе се поместат еден час напред. Точно во 2 часот по полноќ, стрелките се поместија на 3 часот, со што изгубивме еден час сон.

Оваа промена традиционално се случува последниот викенд во март и означува почеток на подолгите денови и повеќе дневна светлина во наредниот период.

Иако многумина се радуваат на подолгите вечери, промената на биоритамот може краткорочно да влијае врз сонот и концентрацијата. Затоа, експертите препорачуваат постепено прилагодување на распоредот на спиење во деновите пред и по промената.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни