Нобеловката Корина се крие цела година, не е познато дали ќе дојде по наградата

Марија Корина се крие повеќе од една година откако во август 2024 отишла на непозната локација поради безбедносни закани

Наградата ѝ припаѓа на жена која го одржува жив пламенот на демократијата во средината на растечката темнина“, изјави претседателот на Нобеловиот комитет, Јорген Ватне Фриднес, при прогласувањето на добитничката на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо од Венецуела.

Корина е предводничка на венецуелската опозиција на режимот на претседателот Николас Мадуро.

За време на кризата во 2019 година, кога привремениот опозициски претседател Хуан Гваидо се обиде да распише нови избори, Мачадо објави дека ќе се кандидира доколку бидат распишани избори – но тоа не се случи. Во 2023 година, таа победи на прелиминарните избори на опозицијата со повеќе од 92% од гласовите, станувајќи единствен кандидат на опозицијата за претседателските избори во 2024 година.

Сепак, властите на Мадуро ѝ забранија да се кандидира, што ја натера да го поддржи Едмундо Гонзалез Урутија како нејзина замена. Иако опозициските личности покажаа дека тој победува, режимот го прогласи Мадуро за победник, поради обвинувања за изборна измама.

Таа се крие повеќе од една година. Имено, во август 2024 година, Марија Корнина отишла на непозната локација поради безбедносни закани, но продолжила да повикува на протести и да води меѓународна кампања за демократска транзиција. Во статија за „Волстрит џурнал“, таа напишала дека се крие, плашејќи се за својот живот и слобода „поради диктатурата на Николас Мадуро“.

Нејзиниот статус покренува интересно прашање – дали ќе може да ја добие Нобеловата награда за мир? Претседателот на Нобеловиот комитет, Јорген Ватне Фриднес, рече дека не е сигурен дали Мачадо ќе може да присуствува на церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во Норвешка во декември.

„Тоа е безбедносно прашање. Прерано е да се каже. Секогаш се надеваме дека победникот ќе биде со нас во Осло, но ова е сериозна безбедносна ситуација што прво треба да се реши“, рече Фриднес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни