Нобеловата фондација: Нобеловата награда не може да се пренесе – ниту симболично

Фондацијата реагира по предавањето на Нобеловата награда за мир од венецуелската опозиционерка Марија Корина Мачадо на Доналд Трамп
CC

Нобеловата фондација јавно потсети дека Нобеловата награда не може да се пренесува, отстапува или „подарува“ – дури ни симболично, реагирајќи на неодамнешниот потег на венецуелската опозиционерка Марија Корина Мачадо, која ја предаде својата Нобелова награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на Нобелова фондација, се нагласува дека една од нејзините клучни мисии е заштита на достоинството, интегритетот и правната рамка на Нобеловите награди.

„Фондацијата го поддржува тестаментот на Алфред Нобел и неговите јасни одредби. Во него стои дека наградите се доделуваат на оние што ѝ донеле најголема корист на човештвото и прецизно е утврдено кој има право да ја додели секоја награда. Поради тоа, Нобеловата награда не може да се пренесе, ниту симболично, ниту формално“, се наведува во соопштението.

Реакцијата доаѓа откако Мачадо минатата недела објави дека му ја предала Нобеловата награда за мир на Трамп, опишувајќи го чинот како „признание за неговата посветеност на слободата на народот во Венецуела“ и како „знак на братство меѓу Венецуела и САД во борбата против тиранијата“.

Од Нобеловата фондација, сепак, јасно ставаат до знаење дека Нобеловата награда е лична, неделива и непренослива, без оглед на политичкиот контекст или симболичките интерпретации. Со тоа, Фондацијата индиректно порача дека ваквите гестови немаат никаква правна или институционална тежина и не можат да се сметаат за валиден трансфер на признанието.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни