Анкетите наговестуваат дека германските демохристијани нема да можат да ja избегнат тространата владејачка коалиција

Во истражувањето на институтот Insa за Bild, коалицијата CDU/CSU има 30 проценти поддршка, десничарската Алтернатива за Германија има 21, а социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц и Зелените имаат 15, односно 13 проценти.

Германските демохристијани можат да се надеваат дека на вонредните избори за Бундестагот во недела ќе освојата најмногу гласови, но последните анlкети наговестуваат дека нема да можат да избегнат тространата владејачка коалиција.

Во истражувањето на институтот Insa за Bild, коалицијата CDU/CSU има 30 проценти поддршка, десничарската Алтернатива за Германија има 21, а социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц и Зелените имаат 15, односно 13 проценти.

Изборниот праг од пет проценти на гласови поминуваат уште само Левицата, со седум проценти, и можниот левичарско-популистички Сојуз Сара Вагенкнехт (BSW) со пет проценти. Либералите, кои беа во коалициската влада со SPD и Зелените, додека не излегоа од кабинетот на Шолц кон почеткот на ноември, сега имаат четири проценти и се под цензусот за влез во Бундестагот.

Тие податоци ја исклучуваат коалицијата на демохристијаните со само еден партнер и тие ќе мора да формираат помалку стабилен сојуз со два партнера.

Институтот Insa проценува можни отстапувања во своето истражување од плус/минус 2,9 процентни поени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни