„Низ нишките на времето“ – изложба во Францускиот институт во Скопје

Изложбата ќе се отвори во четврток во 18:00 часот

Овој четврток ќе може да погледнете рачно ткаени појаси и други уникатни креации, но и да поразговарате лично со авторката на изложбата.

Франкофонската уметница Изабела Соколовска, основачка на „Еснаф“, преку рачно изработени креации и примена на модерен дизајн прикажува една поинаква визија на традицијата.

Изложените дела, сите рачно ткани, ги спојуваат традицијата и современоста, поставувајќи идеална рамнотежа помеѓу наследството и уметничката иновација.

Основан во 2018 година од страна на Изабела Соколовска, ,,Еснаф” е мал бизнис посветен на вреднувањето и промоција на занаетчиството.

„Еснаф” исто така ги поддржува занаетчиите преку модел на фер трговија (Esnaf fair-trade), обезбедувајќи им редовни приходи за нивните креации.

Детали за изложбата може да најдете на следниот линк: https://ifs.mk/aux-fils-du-temps-exposition-et-rencontre-avec-izabela-sokolovska-de-esnaf/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни