Низ Европа се шират комарци кои носат болести: Како да се заштитиме?

Научниците со години го следат ширењето на овој досаден инсект кој носи болести низ Европа со години, но здравствените влијанија врз луѓето сè уште се нејасни.

Сега истражувачите во Велика Британија започнуваат голем проект за проценка на ризикот од болести што ги пренесуваат комарците во Шкотска според сегашните и идните сценарија за климатски промени. Според истражувањата, комарците почнуваат да летаат повеќе на север како последица на глобалното затоплување.

„Важноста од испитување на вектори на комарци и нивните патогени, во свет во кој климата се менува, не може да се прецени“, вели Хедер Фергусон, професор по екологија на заразни болести на Универзитетот во Глазгов.

Заедно со Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) и Центарот за екологија и хидрологија на Велика Британија (UKCEH), на универзитетот му беше доделен грант од 1,25 милиони фунти (1,41 милиони евра) за да го спроведе своето истражување во текот на следните три години. Проектот, исто така, ќе ги испитува и птиците преселници како би ги истражиле новите зоонозни патогени болести кои се пренесуваат од животните на луѓето – како вирусот Западен Нил.

Азиските тигрести комарци се шират при повисоки температури

Азиските тигрести комарци се познати носители на сериозни болести, вклучително и денга треска, Чикунгуња, Западен Нил и Зика.

Според тоа, климатските промени придонесуваат овој високо инвазивен вид да напредува низ медитеранските земји. Досегашните бројки покажуваат дека комарците можат да важат за најсмртоносното суштество на светот, бидејќи на годишно ниво убиваат милион луѓе преку болестите што ги пренесуваат.

Во изминатите 50 години, инциденцата на денга во светот се зголеми за 30 пати. Четириесет проценти од светската популација, околу 3 милијарди луѓе, живеат во области со ризик од денга.

Како да препознаете тигарски комарец

По потекло од Југоисточна Азија, азискиот тигрест комарец, познат како Aedes albopictus, е црн со сребрено бели ознаки и е помал од обичниот домашен комарец – долг помеѓу два и десет милиметри.За разлика од многу други видови комарци, азискиот тигар обично касаво текот на денот, а не кога е темно и температурите се пониски.

Ако не сте сигурни дали комарецот што ве каснал и сте го удриле е азиски тигар, можете да го фотографирате и да го поставите на Mosquito Alert, апликација за следење на комарците која сега е достапна во повеќето европски земји.

Со таквата активност граѓаните помагаат да се изгради мапа на ширењето на комарците ширум светот и колкава е нивната популација.

Оваа неодамнешна мапа од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) покажува колку тигрести комарци се расширени низ медитеранските земји:

Франција алармира

Тигрестите комарци ја имаат зафатено повеќе од половина Франција. Извештајот А2020 на францускиот парламент предупреди дека нивното ширење претставува „голем ризик за здравјето“ во наредните децении.

Азиските тигрести комарци се веќе толку акутен проблем на југот на земјата што локалните власти започнаа тригодишен експеримент за да се справат со нив.

Принципот на овој експеримент функционира така што женките ги привлекуваат машките комарци кон контејнер полн со вода, наречен „Вектрап“, во кој екранот ги спречува да ги снесат јајцата, а лепливите ѕидови ги спречуваат да избегаат. Тоа им овозможува на научниците да ги фатат пред да можат да се репродуцираат.

Борбата против тигрест комарци доби посериозен пресврт во азиските региони каде што се ендемични. Експериментите кои имаат за цел да ги заразат со специфичен тип на бактерии и да ги стерилизираат женките, дадоа охрабрувачки резултати во Кина.

Лесни начини да се заштитите од комарци

Најефективниот начин да избегнете каснувања од азиски тигрести комарци е да ги спречите да се размножуваат со ослободување од застоената вода во вашиот дом и градина.
На јајцата на комарците им е потребна вода за да се изведат. Кога се мисли на мала количина вода научниците објаснуваат дека доволно е мало капаче од шише. Затоа погрижете се да ја одржувате вашата градина и дом беспрекорно чисти, односно не оставајте предмети во кои стои вода.

Ако сакате да ги држите комарците подалеку од вас кога престојувате подолго во природа намачкајте го телото со кокосово масло. Утврдено е дека масните киселини во него се високо ефикасни репеленти против комарци и други инсекти кои цицаат крв, вклучувајќи каснување од муви, крлежи и бубачки.

Извор: euronews.com


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни