Неколку стотици граѓани на Подгорица се собраа на Плоштадот на независноста за да им оддадат почит на жртвите на Цетиње. Тие скршени од болка во тишина чекаат на ред да запалат свеќа за загинатите.
Запалените свеќи се за убиените седум мажи, три жени и две момчиња на возраст од 10 и 13 години во Цетиње на првиот ден од 2025 година.
Свеќи запали и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, со сопругата Милена, на Плоштадот на независноста во Подгорица,
Граѓаните донесоа и цвеќе и детски играчки. Во масовното убиство беа убиени момчињата Јован и Вукан Вулетиќ од Цетиње.
Дел од насобраните грашани се запишаа и во книгата на жалост во центарот на Подгорица.
Само 17 часа по новогодишната прослава, улиците на Цетиње останаа пусти. Ден по трагедијата, на 2 јануари, на игралиштето во центарот на Цетиње нема деца.
Знамињата во Црна Гора се спуштени на половина копје. Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост на 2, 3 и 4 јануари поради трагедијата во Цетиње.