Нишки студенти: Нападот врз еден од нас е напад врз сите нас

Студентите од Ниш за време на блокадата зборуваа за физичкиот напад врз професорката на Правниот факултет во Белград, чуварот и студентите на тој факултет, каде најостро го осудија ваквиот настан, велејќи дека нападот врз професорката не е „инцидент“ и дека тоа е линија што нема да дозволат никој да ја помине без последици.

Соопштението на нишките студенти го пренесуваме во целост.

„Ние, студентите во блокадата на Универзитетот во Ниш, како луѓе и дел од академската заедница, ја изразуваме нашата најдлабока загриженост и остра осуда во врска со насилството што се случи на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, кога студентот од трета година Михајло Секулиќ, потписник на таканареченото „тивко мнозинство“, физички ја нападна професорката по право, Марија Караникиќ Мириќ, кој потоа го нападнал и портирот, нанесувајќи му тешки телесни повреди, при што помош им пружиле неколу студени, од кои на еден му е повреден носот.

Овој настан претставува неприфатливо насилство врз оние кои ја сочинуваат основата на академската заедница, врз професорката која на студентите им давала потписи и врз обезбедувачот кој ја вршел должноста безбедносна заштита на факултетот. Не постои контекст што може да ја оправда физичката агресија. Има право и има граница. Граница која овде е брутално помината.

Ние сме потресени од фактот што нападот се случи во институција која треба да биде симбол на владеење на правото и академски дијалог. Дека нападот се случил на професорка која во никој случај не смее да биде цел на физичка сила. Во областа каде што се изучува кривичното право е сторено кривично дело.

Посебно загрижувачки е континуираниот институционален молк. Иако веднаш по инцидентот била повикана полиција, инспектори во цивилна облека се појавиле дури по 25 минути, а патролата и подоцна. Истовремено, сведоци сме на ситуации во кои веднаш се испраќаат голем број полицајци кога студентите истакнуваат транспаренти или мирно протестираат. И ако институциите не реагираат кога се напаѓаат луѓе, за што се тие?

Во име на сите кои сè уште веруваат во образованието, правото и пристојноста, велиме: нападот врз професорот не е „инцидент“. Тоа е линија која нема да дозволиме никој да ја помине без последици.

Во овој момент не браниме само една професорка. Ја браниме самата идеја за универзитетот како место каде владее правото, а не стравот. Нема да дозволиме да се бришат границите на правата со насилство. И нема да застанеме додека одговорните не бидат санкционирани согласно законот.

Нападот врз еден од нас е напад врз сите нас“, велат во своето соопштение студентите од Ниш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни