Во Ниш денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден на македонскиот јазик со уметнички настапи, предавање, проекција на документарен филм и фото-изложба. Манифестацијата, која се одржува во Културниот центар на градот, го одбележува и 20-годишниот јубилеј од основањето на Националниот совет на Македонците во Србија.